Франција ги повика останатите членки од ЕУ да ја поддржат во борбата против ИСИС

 

Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан побарал од земјите од ЕУ „засилено воено учество” во некои конфликтни зони и ги повикал да „ја поддржат“ Франција во нејзината борба против „Исламска држава“ во Сирија и Ирак, јавува AFP.

Image (6)

Ле Дриан се повикал на пасус од европските договори, кој предвидува солидарност во случај на напад врз земја од ЕУ.

„Франција не може да остане сама во овие операции”, истакнал министерот за време на состанокот со своите колеги во Брисел.

Ова е првпат во кој држава од ЕУ се повикува на овој член од европските договори, додава AFP. Текстот е сличен со членот 5 од договорот на НАТО, на кој САД се повика по нападите на 11-ти септември 2001-та година, што доведе до учеството на Алијансата во војната во Авганистан.

макфакс