Фрлени 185 тони сол низ скопските улици

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие фрлија 185 тони сол на градските улици и булевари поради ледениот дожд и за спречување на појавата на голомразица.

Image
Екипите на зимската служба интервенираа на критичните точки односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

„Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти“, се вели во соопштението.