Футсал репрезентацијата на Шпанија ја освои титулата на Европското првенство во Брлград. Шпанците во финалето ја совладаа Русија со 7:3. Бронзениот медал им припадна на репрезентативците на Казахстан, кој славеа над Србија со 5:2.
Шпанците го одиграа своето осмо финале на ЕП-а и ја освоија седмата континентална титула, додека Русија го одигра своето шесто финале и остана на една освоена титула.
Шпанија и Русија го одиграа својот петти финален меч на ЕП-а, а Шпанците ја забележаа четвртата победа (1996, 2005, 2012), додека Русите славеа само во 1999 година.
Финалниот меч го следеа 8.500 гледачи во Белградска Арена, а овој шампиона ги урна рекордите во гледаност, бидејќи мечевите на ЕП во живо ги проследиле преку 100.000 луѓе.