Хингинс и Мирза го освоија АО

Швајцарката Мартина Хингинс и Индијката Сања Мирза триумфираа на Австралија Опен во конкуренција на женски двојки.

Image

Хингинс и Мирза, кои во Мелбурн беа први носителки, во финалето славеа над чешките тенисерки Луси Храдецка и Андреа Хлавачкова 7:6, 6:3.

Мечот траеше еден час и 49 минути, по кој Хингинс и Мирза ја освоија третата последовна титула на Грен слем турнирите. Претходно тие две победија на Вимблдон и на УС Опен.

Хингинс во Мелбурн ја освои 12-та Грен слем титула во игра на двојки, четврта во Мелбурн, додека Мирза стигна до својот трет пехар.