Чарли Шин призна дека е ХИВ позитивен

Тука сум да признаам дека сум навистина ХИВ позитивен, рече Чарли Шин во емисијата Today.

charli_shin

Познатиот актер го призна она што во јавноста долго се шпекулираше.

„Тие три букви тешко се прифаќаат“, додаде Шин.

Веќе неколку недели се шпекулираше за идентитетот на холивудскиот глумец заразен со ХИВ, а овие денови се појавија информации дека станува збор за Чарли Шин.

Тој рече дека дознал дека го има вирусот пред четири години.

Минатата година 50 годишниот актер се криеше и не се појавуваше во јавноста и во медиумите.

Чарли зад себе има три пропаднати брака, неколку раскинати веридби и бројни романси со познати и помалку познати жени.

макфакс