Червар задоволен: Докажавме дека ракометот е спорт број еден во Македонија

Машката сениорска репрезентација на Македонија успеа да се пласира на уште едно светско првенство под диригентската палка на Лино Червар. Новиот селектор ја презема одговорноста да го поправи впечатокот по неуспехот за пласман на Летните Олимписки игри.

lino-so-cakareski-615x400

“Ја преземав репрезентацијата во многу тежок момент. По неуспехот за квалификациите на Олимпискит игри. Не беше депресија, но беше лоша ситиација. Имавме малку денови за одлучувачкиот напревар со Чешка. Тешко ни беше на сите, но успеавме да ја продолжиме приказната од успешни пласмани на големите натпреварувања. Не само што успеавме во тоа, важна е и атмосферата која настана. Важна е поралата дека ракометот останува спорт број еден во Македонија. Ова е единствема држава во Европа каде фудбалот не е број еден колективен спорт. Тоа ни ја зголемува одговорноста да се потрудиме да направиме се што е во наша моќ да ја оправдаме таа доверба. Морам да ги пофалам играчите кои успеаја во тоа. Очекувам експлозија на Светското првенство од младите играчи, потпомогнати од искусните. Верувам дека ракометна Македонија ќе го покаже потенцијалот кој го има” –задоволен е кормиларот од досега сработеното.

Во наредниот период, хрватскиот стратег заедно со сениорите ќе работи на подготовките за претстојното Светско првенство, со цел што подобар исход.

“Календарот ни е пренатрупан, но мора да докажеме дека можеме да направиме резултати. Собирите ми се предвидени за 19. септември, 3. октомври и 14. ноември. Имаме играчи кои имаат потенџијал за место во А селекцијата и мора ние да го валоризираме тоа. Не само со клубовите од Скопје, треба да се завртиме и кон другит градови. Репрезентацијата мора да се отвотена за сите. Треба добро да се подготвиме, сите ние кои имаме волја и сакаме да работиме со репрезентацијата. Во фокус ни се подготовките за ЕП 2018. Ќе се собереме по активостите во Лигата на шампионите и ќе се концентрираме на мечот со Украина дома и со Чека на гости. Ќе обрнеме внимание и на подготовките за СП во Франција. Тие се од големо значење. Сите луѓе кои се во ракометот ќе помогнат за достојна да ја претставиме државата” -дополни селекторот.

ekipa.mk