Што значат деновите во неделата?

Секој ден во неделата има свое значење – позитивно или негативно. Погледнете кои се тие:

denovi

 

ПОНЕДЕЛНИК

Во понеделник не треба да почнувате ништо важно, бидејќи тоа е ден на Месечината кој е многу променлив. Во понеделник се препорачува пост, бидејќи најчесто во наталните карти на луѓето се појавува под лоши влијанија.

ВТОРНИК

Со вторник владее Марс и тој е поволен за ситерутински работи кои се однапред договорени и не бараат претерана ментална активност.

СРЕДА

Поволен ден за коресподенција, маркетиншки делувања, состаноци, преговори, кратки патувања. Со среда владее Меркир кој е поволен за дружење и забава.

ЧЕТВРТОК

Со четврток владее Јупитер кој е поволен за важни работи, потпишување договори, учење и финансиски трансакции. Многу е поволен за долгорочно планирање.

ПЕТОК

Со петок владее Венера и го прави идеален ден за партнери, семејство, деца. Одличен е за подготовка на викенд, одмор, масажа, забава и релаксација.

САБОТА

Со сабота владее Сатурн кој е заслужен за помагање на другите. Поминете време со своето семејство, дедовци и баби. Нахранете ги гладните. Саботата се препорачува за мир и чистење.

НЕДЕЛА

Со неделата владее Сонцето. Идеална е за активен одмор со семејството и планирање на седмицата.

 

СТОП! ИМАМЕ УШТЕ ИНТЕРЕСНИ СОДРЖИНИ ЗА ВАС: