Ѓоковиќ во клубот 700

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја забележа 700-та победа во кариерата, тој славеше над Тунижанецот Малек Џазири и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Дубаи. Ѓоковиќ Џазири го победи со 2:0 (6:1, 6:2) за 65 минути игра.

Image

Ѓоковиќ за пласман во полуфиналето ќе се бори со Шпанецот Фелисијано Лопез, кој славеше над Лукаш Росол од Чешка 6:3, 7:6.

Српскиот тенисер води со 7-0 во меѓусебните дуели против Шпанецот, тој минатата сезона го победи Лопез во четвртфиналето на УС Опен со 3:2 и на Мастерсот во Шангај со 2:0.

Од активните тенисери повеќе победи од Ѓоковиќ имаат само Роџер Федерер (1067) и Рафел Надал