Јаја Туре конечно му се извини на Манчестер сити за навредите кои неговиот агент ги упати кон клубот и предводникот на истиот, Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег на клупата на „граѓаните“ го отстрани Туре од тимот и најави дека ќе му даде нова шанса кога тој ќе се извини јавно.
По неколку месеци отсуство од првиот тим, Туре одлучи преку социјалните мрежи да упати извинување до сите во клубот кои биле навредени од неговите зборови и на тие околу него.
„Сакам да се извинам поради моето, но и поради однесувањето на луѓето кои ме застапуваат. Се извинувам на менаџментот на клубот и сите кои работат во Манчесетер сити поради несогласувањата кои ги имавме во минатото. Тие изјави не се де од моите ставови за клубот и луѓето кои се вработени во него. Чувствувам огромна почит кон Манчестер сити и му посакувам сè најдобро на овој клуб. Мнпогу сум горд што сум дел од клупската историја и сакам да му помогнам на Сити да напредува. Живеам за фудбалот и за да ги усреќувам навивачите. Кога веќе ги споменав, сакам да им се заблагодарам за неизмерната поддршка во изминатиот, тежок период. Тоа ни значи многу на мене и моето семејство“ – напиша Туре.
Сега преостанува Гвардиола да одлучи дали ќе го прифати извинувањето и повторно ќе смета на Туре.
ekipa.mk