Јокиќ ја прекина серијата на Торонто, нов ’трипл дабл’ за Вестбрук

Денвер стави крај на серијата од 11 победи во која се наоѓаа кошаркарите на Торонто, Расел Вестбрук со ’трипл дабл’ ја предводеше Оклахома до триумф над Вашингтон, а Кливленд ја запиша првата победа во Индијанаполис по пауза од шест години.

Image

Младиот српски центар, Никола Јокиќ, кој ќе настапи и на годинешниот Ол стар викенд, го одигра најдобриот меч о доаѓањето во НБА лигата и со 27 поени и 14 скокови го предводеше Денвер до победата над Торонто 112:93. За тимот од Канада ова беше првиот пораз по серијата од 11 победи.

Оклахома славеше против Вашингтон 114:98, благодарение на Вестбрук (17 поени, 13 скокови, 11 асистенции). Најефикасен беше Кевин Дурент со 28 поени, додека Серж Ибака имаше ефект од 19 поени и 10 скокови.

Кливленд по едно продолжение ја совлада Индијана 111:106 и ја забележа првата победа во Индијанаполис по пауза од шест години. Кајри Ирвинг го предводеше Кливленд, тој шест од своите 25 поени постигна во продолжението, поен помалку реализираше Леброн Џејмс, а по 19 кошеви уфрлија Џеј Ар Смит и Кевин Лав.

Резултати: Бруклин-Детроит 100:105, Атланта-Далас 112:97, Њу Орлеанс-Мемфис 95:110, Сан Антонио-Орландо 107:92, Јута-Чикаго 105:96, Сакраменто-Милвоки 111:104, Денвер-Торонто 112:93, Оклахома-Вашингтон 114:98, Индијана-Кливленд 106:111.