Адел не ги додржа солзите на концерт поради масакрот во Орландо

Британската пејачка Адел се расплакала во текот на концертот во Антверпен кој го посвети на жртвите од масакрот во ноќниот клуб во Орландо во кој беа убиени 49 луѓе.

Image
„Вечерта би сакала да ја започнам со посвета на целиот концерт на сите во Орландо кои сношти беа во клубот Pulse“, вели Адел во видеото кое го снимил посетител на нејзиниот концерт во неделата.

„ЛГБТ заедницата…. Тие ми се како сродни души кога бев многу млада, па ова силно ме погоди“, додава.

Пејачката Адел, позната по своите хитови за прекините со кои ги освојува врвовите на топ листите, им се извинува на своите обожаватели поради плачот на самиот почеток од концертот, додавајќи дека некои нејзини песни се „несреќни“.

макфакс