Алармантна состојбата на мозаиците во Хераклеја

Битола, 22 август, 2016 – 21:00 (META) 
9142910082_f7ec591939_o

Состојбата на мозаиците во Хераклеја е алармантна, оценува академскиот сликар и експерт по мозаици Газанфер Бајрам, по втората фаза од ендоскопското снимање на мозаичните површини во античкиот локалитет Хераклеја, што се одвиваше во текот на минатиот месец и се очекува да донесе напредок во зачувувањето на мозаичното богатство во античкиот локалитет крај Битола.

Одговарајќи на новинарско прашање дали алармантната состојба со мозаиците во Хераклеја е резултат на незнаење или негрижа, академикот смета дека проблемот лежи и во двете работи.

Најголемиот проблем е подлогата, односно појавата на пукнатини што се јавуваат кај мозаиците, за што од Завод и музеј Битола сметаат дека мора да се решаваат со заедничка помош од Министерството за култура.

Археолозите од Завод и музеј Битола тврдат дека токму мозаиците во Хераклеја се магнет за туристите, привлекувајќи го најголемото внимание на посетителите.