Ајфеловата кула ќе биде осветлена во боите на американското знаме

Ајфеловата кула во понеделник вечер ќе биде осветлена во боите на американското знаме, како знак на почит кон жртвите на нападот кој се случи во Орландо, во американската сојузна држава Флорида, пренесуваат светските медиуми.

Image

На градското собрание пак ќе бидат истакнати знамињата на ЛГБТ заедницата и на САД, изјавила градоначалничката на Париз, Ен Идалго. Таа упатила сочуство и изразила солидарност за американскиот народ и геј заедницата ширум светот.

Состанокот на париските градски власти во понеделник ќе започне со минута молк за жртвите од нападот, додала Идалго. Во пукотницата којашто се случи во неделата во еден геј клуб во Орландо беа убиени 50, а ранети 53 лица.