Баерн и Херта полуфиналисти во германскиот Куп

Минхенски Баерн и Херта, според очекувањата ги оправдаа фаворитските улоги и им се приклучија на Вердер и Борусија Дортмунд во полуфиналето на германскиот Куп.

Image

Баерн славеше во Бохум со 3:0, а Херта против Халденхајм победи со 3:2.

Головите за Баерн во Бохум ги постигнаа Левандовски, Тијаго Алкантара и повоторно Левандовски. Бохум од финишот на првиот дел играше со играч помалку поради исклучувањето на Шимунек.

Хајденхајм имаше предност против Херта со голот на Фик, но веќе во наредните два напада Херат со головите на Ибишевиќ направи пресврт. Во вториот дел Шнатерер зголеми на 3:1, а конечниот резултат го постави Харагучи.