„Биковите“ го демолираа Бруклин

Чикаго булс направи коренити промени во ростерот во текот на летото, па токму затоа е големо изненадување што „биковите“ играат одлична кошарка уште од стартот на новата сезона. Тие синоќа го демолираа на гостински терен Бруклин со убедливи 88-118 за трета победа во низа, што е првпат Чикаго да стартува сезона со скор 3-0 по пауза од цели 20 години кога тренер на овој тим беше Фил Џексон, а прва ѕвезда неповторливиот Мајкл Џордан.

dzimi-batler-ccikago-615x400

Тимската игра беше рецептот за победа во Бруклин откако дури седум кошаркари на Чикаго стигнаа до двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Батлер со 22 поени, додека Миротиќ оствари дабл-дабл од 16 поени и 10 скока.

Игравме заедно само во предсезоната, се уште се навикнуваме еден на друг. Во секој случај, одлично е да се стартува со три победи“ – изјави Двејн Вејд, кој веднаш ја презеде лидерската улога во тимот.

Кошаркарите на ЛА клиперс рутински си ја завршија задачата против Феникс, триумфирајќи со 116-98. Одличната обрана во втората четвртина (24-12) беше сосема доволна за клиперси да си создадат солидна предност и потоа истата да јаодржуваат до самиот крај. Крис Пол беше најефикасен со 24 поени и 8 асистенции, додека Грифин оствари дабл-дабл од 21 поен и 11 скокови.

Резултати НБА:

Атланта – Сакраменто 106-95, Бруклин – Чикаго 88-118, Торонто – Денвер 105-102, ЛА клиперс – Феникс 116-98.

ekipa.mk