Бомбашот самоубиец во Истанбул е Набил Фалди

Бомбашот самоубиец, кој го изврши терористичкиот напад во Истанбул во вторникот, во ко беа убиени 10 лица, се вика Набил Фалди, пренесе турската новинска агенција Доган.

Image

 

Според истиот извор, Набил Фалди е роден во Саудиска Арабија, а се претпоставува дека во Турција влегол од Сирија на 5 јануари.

 

Оваа информација до сега не е официјално потврдена од турските власти.

 

Турската полиција во средата изутрина во Анталија уапси тројца руски државјани поради сомнеж дека биле вмешани во терористичкиот напад и дека имаат врски со Исламската држава.