Борусија го прегази Тотенхем

Борусија Дортмунд го порази Тотенхем со 3:0 о стекна убедлива предност пред осминафиналниот реванш во Лондон. Победи во првите осминафинални мечеви забележаа Шахтјор над Андерлехт 3:1 и Фенербахче над Брафа 1:0, додека без голови заврши натпреварот Базел-Севилја.

Image

Во дуелот на двете второпласирани екипи во првенствата на Германија и Англија, целосно доминираше германскиот тим и Тотенхем може да биде задоволен што Дортмунд го напушта со три примени гола.

Борусија доминираше од почетокот до крајот на мечот, нејзините фудбалери постигнаа три гола, а можеа да постигнат барем уште толку доколку беа малку покенцентрирани во завршниците на акциите.

Обамејанг постигна гол во првото полувреме, а конечниот резултат го постави Ројс со двата гола во вториот дел.

Шахтјор стекна солидна предност над Андерлехт, пред реваншот во Брисел. Головте во победата 3:1 ги постигнаа Тајсон, Кучер и Едуардо, додека стрелец за белгискиот тим беше Ачемпонг.

Голот на Топал во 82.минута му донесе на Фенербахче минимална предност пред реваншот во Брага.