Бродолом во Егејско море, најмалку 11 мигранти се удавиле

Најмалку 11 мигранти, од кои пет деца, се удавиле ноќта во вторник кон среда во бродолом во Егејското море, соопшти грчката крајбрежна полиција, при тоа додавајќи дека десет лица се водат како исчезнати.

Image

Дваесет и шест луѓе во дрвениот чамец биле спасени, а потрагата по евентуални преживеани бродоломци продолжува.

Хеликоптер на грчката војска и патролен чамец на Фронтекс учествуваа во потрагата.

Според изјави на сведоците, чамецот потонал под неразјаснети околности, бидејќи морето било мирно

Во вторник шест авганистански деца кои се обиделе да дојдат до островот Хиос, се пронајдени удавени во водите пред брегот на турската покраина Измир, по бродоломот на нивното пловило.

Турската крајбрежна стража успеала да спаси осум патници.