Бродот „Калипсо“ на Жак Кусто повторно ќе заплови

Легендарниот брод „Калипсо“, на познатиот француски поморски истражувач Жак Кусто, за неколку месеци повторно ќе заплови, соопштија сопствениците на бродот.

Image
Здружението Кусто соопшти на својата интернет страница дека бродот „ќе добие целосно нов живот“.

Бродот „Калипсо“, со кој познатиот истражувач со години ги испитуваше подморските тајни, во текот на 60-сеттите и 70-сеттите години на минатиот век беше домаќин на серијалот Жак Кусто – Подводен свет.

Бродот во 1996 година беше тешко оштетен при случаен судар до кој дошло во пристаништето во Сингапур.

Здружението Кусто, кое во 1973 година го основаше самиот истражувач, објави дека бродот ќе биде подготвен во првото тромесечје на 2016 година. Претседателката на здружението, инаку вдовица на Жак, Франсин Кусто, соопшти дека „бродот во целост ќе биде обновен и подготвен за пловидба и дека ќе го придвижуваат неговите два мотора, како што сакаше капетанот Кусто“.

„Калипсо“, британски брод оригинално наменет за вадење подводни мини, во 1950 година беше адаптиран во „мобилна океанска лабораторија“, а Кусто, поранешен поморски офицер, со него ги направи првите чекори во проучувањето на длабоките мориња.

Бродот требаше да биде поправен уште во 2007 година оставен закотвен во Бретања по спорот околу плаќањето кога неговите сопственици мораа да му платата на бродоградилиштето 300.000 евра, пари што здружението ги собра од јавни донации.

Во јуни 2010 година, здружението одбележувајќи 100 години од раѓањето на Кусто, објави дека бродот се поправа.

Според најновото соопштение, работите би требало завршат во следните три месеца, а се проценува дека би требале уште 12 до 18 месеци додека бродот повторно да заплови.