Валнчунас не игра до крајот на серијата со Мајами

Центарот на Торонто Репторс, Јонас Валнчунас, ќе ги пропушти останатите натпревари против Мајами Хит, во полуфиналната серија во Источната конференција.

Image (4)

Литванскиот репрезентативец го повреди скочниот зглоб на десната нога, во третата четвртина од третиот меч во серијата, на кој Торонто победи во Мајами 99:95.

„Ова е голема загуба за нас, тој играше одлично во оваа серија, голем удар за нас. Разговаравме, ми кажа дека му е многу тешко, но таков е животот, тоа е НБА лигата“, рекол генералниот менаџер на Торонто, Масаи Уџири.

Во досегашниот тек од плејофот, Валанчунас е еден од водечките играчи на Торонто со просек од 15 поени и 12 скокови по натпревар.

„Нема ништо да менуваме во нашата филозофија на играта, не е важно кој ќе ги започнува натпреварите, едноставно тој играч ќе мора да го надомести отсуството на Валнчунас“, рекол тренерот Двејн Кејси.

Четвртиот меч од серијата помеѓу Мајами и Торонто ќе се одигра во четврток на Флорида, Ропторси по првите три натпревари водат со 2-1.

макфакс