Ван Гал напушти прес конференција изнервиран од прашањата на новинарите

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед Луи ван Гал, во среда ја напушти прес конференцијата во пресрет на мечот со Стоук, изнервиран од прашањата на новинарите во врска со неговата иднина на клупата на „црвените ѓаволи“.

Image

Ван Гал на новинарите им рече дека на пресот дошол заради правилата на Премиер лигата, пренесува BBC.

„Ви посакувам среќни божикни празници и можеби Нова година, доколку ве видам. Уживајте во виното и питата со месо“, рече Ван Гал на прес конференцијата, напуштајќи ја само по пет минути.

Претходните денови доста се шпекулираше околу заминувањето на Ван Гал од Манчестер Јунајтед заради лошите резултати на клубот.

Како еден од наследниците се споменува и доскорешниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо.