Вардар в недела против Победа во вечерен термин

Лидерот во домашниот шампионат, екипата на Вардар својот натпревар од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига в недела на националната арена „Филип Втори“ ќе го игра во вечерен термин.

pobeda-vardar-7-615x400

Гостувањето, по долги години, на прилепска Победа на најтрофејниот македонски клуб ќе биде во терминот од 17:30 часот, со одлука на раководството на тимот. Главен делител на правдата ќе биде Далибор Ѓорќевски од Куманово, а ќе му помагаат Стефановски и Божиновски.

Сите останати четири натпревари од ова коло во Првата лига ќе се играат в недела, но од 13:30 часот. Во 12. коло, Шкендија ќе гостува на Шкупи во Скопје, Пелистер во Битола ја пречекува Македонија ЃП, Силекс во Кратово ќе игра против Брегалница, а Работнички ќе и гостува на Ренова во Тетово.

ekipa.mk