Вардар ја отвора новата сезона во СЕХА против Мешков

Ракометарите на Вардар на 30 август во Скопје го пречекуваат белорускиот Мешков Брест во првиот натпревар од новата сеозна во регионалната СЕХА лига. Ова всушност натпревар од 5.коло кој по договор на двете екипи, ќе се одигра порано. Претсезноски, на 3 септември ќе се одигра и натпреварот меѓу Целје Пивоварна Лашко и  Телеком Веспрем.

IMG_8933-615x400

Првото коло во СЕХА лигата, на 6 септември, го носи и првото македонски дерби меѓу Металург кој по едногодишно отсуство сезонава одново се враќа во регионалното натпреварување и Вардар во ВИП Арена.

Претстојната петта сезона според сите најави, ќе биде најсилна досега во СЕХА лигата. Регионалната лига оваа сезона ќе ја сочинуваат 10 екипи,од кои дури седум се натпреваруваат и во Лигата на шампионите. По два претставници имаат Македонија, Хрватска и прв пат од оваа сеозна и Словенија, а со по еден претставник во регионалната лига партиципираат Унгарија, Словачка, Белорусија и БиХ. Од оваа сезона во лигата се приклучуваат и двете најдобри словенечки екипи, Целје и Горење, а во СЕХА прв пат ќе нема ниедна екипа од Србија.