Вашингтон ја повика Анкара да се фокусира на ударите врз IS, а не на Курдите

Американскиот Стејт департмент повторно во четвртокот ја повика Турција да се насочи на своите напади врз џихадистичката организација Исламска држава (IS) во Сирија, а не врз сириските Курди.

Image

„Ги повикуваме (Турците) да се фокусираат на ударите врз Исламската држава. Тоа е заедничкиот непријател“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Џон Кирби.

Додаде дека САД, исто така, ја повикуваат Турција, да ја заштити својата територија и народ од нападите на терористите, но директно не ги спомена курдските терористи, како што тоа го прави Анкара.

Кирби истакна и дека САД се загрижено поради „проширувањето на територијата во Сирија, којашто ја заемаа Курдите“ и ги повика да ги сопрат таквите дејствувања.

Турската артилерија од минатиот викенд ги гранатира позициите на Единиците за заштита на народот (YPG), кои се паравоена милиција на Партијата на демократското единство (PYD), којашто Анкара ја смета за сестринска партија со забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK). Сириските Курди ја заземаа пред десетина денови воздухопловната база Минех во близина на турската граница, и го попречуваат пренесувањето оружје и борци на сириска територија.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу гранатирањата ги карактеризираше како мерка на одговор во врска со заканата кон турската граница од страна на YPG и побара од сириските Курди да се повлечат од своите позиции во северната сириска покраина Алепо, што го одби челникот на партијата PYD, Салих Муслим.