Вчера Скопје го треселе вкупно девет земјотреси

Скопје, 12 септември, 2016 – 10:12 (META) 
2963393184_ae06e6ac4d_z

Според Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), вчера во Скопје и во околината се измерени вкупно девет потреси. Најсилниот бил во 15.10 часот, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Првиот земјотрес бил измерен во 6.58 часот, со јачина од 4,2 степени, а следниот во 7 часот имал јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала. Најсилниот потрес се случил во 15.10 часот.

По најсилниот потрес, во 15.20 часот имало уште 6 послаби потреси. Последниот бил во 20.57 часот, со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала.