Ганиу: Да освоиш бод против Вардар е голем успех…

Актуелниот шампион Вардар не успеа да го скрши опторот на Шкупи во рамките на 10. коло во Првата македонска фудбалска лига, играјќи без голови на дуелот во Чаир попладнево, дополнително комплицирајќи си ја ситуацијата во пресрет на дербито со Шкендија наредниот викенд.

skupi-vardar-7-615x400

Тренерот на Шкупи, Висар Ганиу е задоволен од прикажаната партија на неговиот тим…

„Во текот на првото полувреме имавме две стопроцентни шанси, кои за жал не ги искористивме. Низ целиот натпревар иницијативата им ја препуштивме на играчите на Вардар, а нашата шанса си ја баравме преку контри, или полуконтри. Најважно е што успеавме да се одбраниме. Овој резултат е голем успех за нас“ – ни изјави Ганиу по денешното реми со „вардарци“.

ekipa.mk