Голден Стејт го преживеа Бостон

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс, беа блиску до првиот пораз во сезоната, но по две продолженија славеа во Бостон (124:119). Актуелниот шампион сега има скор 24-0 од почетокот на првенството, а сметајќи ја и минатата сезона има низа од 28 победи и на второто место на вечната листа се израмни со Мајами од сезоната 2012/2013.

Image

На тешкото гостување Голден Стејт успеа да победи, иако Стеф Кари немаше добра шутерска вечер, а во тимот играше без Клеј Томпсон и Херисон Барнс.

„Беше исцрпувачки, но многу забавно. Добро е што победивме, но моравме да се бориме до крај за оваа победа“, рекол по мечот Кари кој заврши со 38 поени (3/14 за два, 6/13 за три, 14/14 слободни), 11 скокови и осум асистенции.

Кари одлично го испратија Дрејмонд Грин (24 поени, 11 скокови, осум асистенции), односно Андре Игудала, Еили и Ливингстон со по 12 поени.

Бостон имаше два шута за победа во регуларниот дел, најпрвин Ливингстон го изблокира Ајзеа Томас, а потоа Кели Олиник беше непрецизен. Токму Олиник со 28 поени беше најефикасен кај Селтикс, кои имаат скор од 13 победи и 10 порази.

Наредниот натпревар кошаркарите на Голден Стејт ќе го одиграат во Милвоки, со што ќе ја завршат турнејата по Истокот од седум натпревари. Доколку победата ќе станат првиот тим кој славеле на сите седум средби на гостинска турнеја.

Голден Стејт кој сега е втор на вечната листа со 28 последовни победи, до израмнување на рекордот на Лејкерси од сезоната 1971/1972 го делат уште пет натпревари.

Резултати: Денвер-Минесота 111:108
Јута-Оклахома 90:94
Феникс-Портланд 96:106
Сан Антонио-ЛА Лејкерс 109:87
Мемфис-Шарлот 99:123
Њу Орлеанс-Вашингтон 107:105
Филаделфија-Детроит 95:107
Орландо-Кливленд 76:111
Индијана-Мајами 96:83
Торонто-Милвоки 90:83
Бостон-Голден Стејт 119:124.