Гол технологијата ќе се применува на ЕП и во ЛШ

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе ја воведе гол технологијата на ЕП во Франција, а од следната сезона оваа технолигија ќе се применува и во Лигата на шампионите.

Image

Како што објави Sky Sport, УЕФА оваа одлука ја договори минатиот месец на состанокот на Судискиот комитет во Париз, а ќе ја официјализира в петок.

Инаку, донеодамнешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, беше против воведувањето на оваа технологија, но генералниот секретар на организацијата Џани Инфантино даде зелено светло за овие промени.

Гол технологијата веќе се спроведува во Премиерлигата, Серија А, Бундеслигата, Лига 1, а исто така се применуваше и на Светското првенство во Бразил.