Граѓаните може да се информираат за „Купи куќа, купи стан“ во подрачните канцеларии

Секој понеделник и вторник, почнувајќи од 1 февруари, во 33 општини и градови ширум Македонија, граѓаните заинтересирани за „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе можат да се информираат за проектите во подрачните канцеларии „Купи куќа, купи стан“.

Image

Канцелариите во 29 општини се сместени во подрачните единици на Управата за имотно-правни работи, додека во Демир Хисар, Делчево, Крушево и Неготино се сместени во подрачните единици на УЈП.

Канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ во Министерството за финансии продолжува да функционира секој работен ден.

„За да ги приближиме проектите уште повеќе до граѓаните и за да им бидеме на располагање, отвораме подрачни канцеларии и во скопските општини Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Чаир. Тие се наоѓаат, исто така, во подрачните единици на Управата за имотно правни работи“, информираат од Министерството за финансии.

Од средината на февруари ќе почне и караван Купи куќа, купи стан, во рамки на кој ќе се одржат презентации низ Македонија на двата проекти.

Адреси на подрачните канцеларии:

Скопје, Министерство за финансии
Чаир – Скопје, ул.”Бутелска” бр.4
К.Вода – Скопје, ул.”Борис Трајковски” бб
Карпош – Скопје, ул.“Никола Русински“ бб, 1/1
Гази Баба – Скопје, ул.”Архимедова” бр.2
Берово, ул.”Димитар Влахов” бр.10
Битола, ул.”Димитар Илиевски Мурато”бр.24б
Валандово, ул.”4 Јули” бб
Велес, ул.”Панко Брашнар” бр.1
Виница, ул.”Бел Камен” бр.13
Гевгелија, ул.”7 Ноември” бр.49
Гостивар, Бул.”Браќа Гиновски” бб
Дебар, ул.”Вељко Влаховиќ” бб
Делчево, Бул.”Македонија” бб
Демир Хисар, ул.“Македонија“ бб
Кавадарци, ул.”Маршал Тито” бб
Кичево, ул.”Борис Кидриќ” бр.1
Кочани, ул.”Раде Кратовче” бр.1
Кратово, плоштад “Павел Шатев” бб
Крива Паланка, ул”Св.Јоаким Осоговски”бр.175
Крушево, ул.”Илинденска” бб
Куманово, ул.”Гоце Делчев” бб
Македонски Брод, ул.”Маршал Тито” бб
Неготино, ул.”Ацо Аџи Илов” бб
Охрид, ул.”Димитар Влахов” бб
Прилеп, ул.”Питу Гули” бр.2
Пробиштип, ул.”Јаким Стојковски” бр.3
Радовиш, Бул.”Александар Македонски” бб
Ресен, ул.”Борис Кидриќ” бб
Свети Николе, Плоштад “Илинден” бб
Струга, ул.”Димче Ковачевски” бр.2
Струмица, ул.”Ленинова” бб
Тетово, ул. “Дервиш Цара” бб
Штип, ул.”Васил Главинов” бб