Две експлозии одекнаа на аеродромот во Брисел

Две експолизии одекнале на Меѓународниот аеродром во Брисел, во вторник наутро, а има и повредени, јавуваат светските медиуми.

Image

Од аеродромот потврдија дека се случиле две експлозии, а упатија и предупредување за патниците да не доаѓаат на аеродромот, кој ќе биде затворен на неодредено.

Се верува дека дел од покривната конструкција паднала по експлозиите.
Од објавените фотографии и видеа се гледа чад кој се издига над аеродромот, додека патниците се во паника. Тие ќе бидат евакуирани.

Причината за експлозиите е непозната, но се случуваат во време кога главниот град на Белгија е во состојба на висок ризик од терористички напади, по апсењето на Салах Абделслам, главниот осомничен за нападите кои се случија во ноември во Париз.

Брисел беше во фокусот на истрагата по нападите во Париз, откако се виде дека
повеќето од напаѓачите пораснале во белгискиот главен град.

Белгија ги гонеше напаѓачите, вклучително и Абделслам, во врска со нападите во Париз.
Властите во Белгија го зголемија нивото на безбедност веднаш по ноемвриските напади, а тоа ниво се зголеми уште повеќе по апсењето на Абделслам во петокот.

Еден белгиски министер тврдеше дека Абделслам планирал напади на Брисел со друга терористичка келија.

Според истрагата се верува дека терористичката мрежа која помогна да се изведат нападите во Париз кога беа убиени 130 луѓе, е многу поголема од она што се мислеше и дека е поврзана со џихадисти подготвени да извршат уште напади.