Девојката што падна од висококатницата во Аеродром не била силувана

Нема траги од силување кај девојката што настрада откако падна од висококатница во скопски Аеродром, покажаа првичните резултати добиени од Институтот за судска медицина и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Image
Истовремено во текот на полициските извиди од страна на МВР  беа извршени разговори со повеќе лица, меѓу кои и мајката на девојката која во своето известување пред надлежни полициски службеници навела дека настанот не бил пријавен во полиција, затоа што во ниту еден момент предходно од страна на нејзината ќерка, не и било кажано дека таа била жртва на насилен сексуален акт.

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со преземање на дејствија во насока на расветлување на настанот.