ДИК ќе расправа по жалбите на граѓаните за неправилности во избирачкиот список

Државната изборна комисија, во четврок, со почеток во 16 часот ќе одржи јавна седница на која ќе расправа за примените известувања од граѓаните кои се однесуваат на сомнителни записи во електронскиот Избирачки список објавен на веб страната на ДИК.

Image (11)

Примените известувања се однесуваат на следниве основи: лицето не е државјанин на Република Македонија, не поседува важечка лична карта или патна исправа, нема наполнето 18 години, лицето е на привремена работа или престој во странство, со последно живеалиште на дадената адреса, има живеалиште на друга адреса, а претходно имало живеалиште на дадената адреса, нема живеалиште во Македонија, живее на оваа адреса, а нема податок дали има живеалиште во земјава, одземена деловната способност или лицето е починато.

Претходниве денови, откако ДИК го објави електронски избирачкиот список, и граѓаните имаа можност да пребаруваат со матичен број, со име и презиме или по адреса се обелоденија повеќе неправилности, од кои најалармантни беа запишани гласачи и по повеќе од 100 во еден стан.

Неофицијално, до ДИК се пристигнати од 1.500 до 2.000 известувања ос граѓани за забележани сомнителни или неправилни податоци.

макфакс