Домашна маска од кафе за сјајна и мека коса

Ако сте бринета или црнка која сака да си го врати сјајот и свежината на косата, тајната е многу поевтина и поедноставна отколку што мислите.

kosa_sjaj_maska

 

Сè што ви е потребно за соодветна нега на косата е вашиот омилен регенератор или балзам и една шолја кафе.

Кафето има благотворно дејство врз влакното, додека темната боја на ова кофеинско задоволство го дава сјајот кој долго време го посакувате.

Потребно ви е:

4-5 лажички балсам или регенератор за коса
1 шолја свежо варено кафе
Количината на состојките прилагодете ја на должината на вашата коса.

Помешајте ги овие 2 состојки додека не добиете густа течност, која ќе ја нанесете на целата коса. Оставете ја да делува 15 минути, а потоа измијте со благ шампон и постудена вода од вообичаено.

Оваа домашна маска ќе ви овозможи висок сјај, мазно и меко чувство на допир, а жолтите прамени и испуканите врвови исчезнуваат по неколку неделна употреба.