Дурант ја „уништи“ Оклахома, доминација и на Леброн

Голден стејт синоќа во „Оракл арена“ без проблеми ја совлада Оклахома со 122-96, а прво име на натпреварот беше Кевин Дурант со 39 постигнати поени.

oklahoma-615x400

Вориорси потполно ги „размонтираа“ гостите во втората четвртина, заминувајќи со +25 поени (68-43). Брилјираше во првиот дел Дурант со 28 поени, а во второто полувреме само се одржуваше предноста за четврта едноподруго победа на Голден стејт.

Покрај оние 39 поени, Дурант имаше и седум скока и една асистенции. Кари постигна 21 поен, додека Томпсон дополни со 18 поени.

Одлична ноќ имаше и Леброн Џејмс кој запиша 30 поени, со 12 асистенции и седум скока во победата на Кливленд над Бостон од 128-122. На гостите не им помогнаа ниту 30 поени на Томас, па Кливленд остана на максимален ефект, пет од пет.

Домашна победа оствари и Орландо во дуелот со Сакраменто од 102-94, а најдобри во победничкиот тим беа Фурние со 29 поени и Ибака со 17 поени.

Кошаркарите на Милвоки запишаа победа над Индијана од 125-107. Најефикасни во победничката екипа беа Антетокоунмпо и Паркер со по 27 поени, додека Индијана ја предводеше Џорџ со 23 постигнати поени.

ekipa.mk