Едно лице повредено во напад со секира во Келн

Келн, 15 август, 2016 – 10:45 (META) 
keln-breza-pomos-policija

Едно лице утринава е повредено во напад со секира и пукање во центарот на Келн, објави германскиот весник „Експрес“, додавајќи дека две лица се осомничени и се во бегство.

Весникот наведува дека неколку лица и соопштиле на полицијата околу четири часот наутро оти три или четири лица „имаат проблем“ со некое лице. Сведоците потврдуваат дека виделе мажи кои се нападнале со секира, пренесува „Експрес“.

Мажот кој се здобил со рана, седел во својот автомобил и се обидел да замине, но други мажи пукале на него. Се претпоставува дека успеале д го погодат само неговиот автомобил.

Весникот наведува дека засега не е познат мотивот за нападот.

Полицијата засега не соопштува колку осомничени се во бегство.