Екс директорот на CIA призна дека би сторил сé за да дојде до поштата на Лавров

Поранешниот директор на американските Централна разузнавачка агенција (CIA) и на Агенцијата за национална безбедност (NSA), пензионираниот генерал Мајкл Хајден во неделата за CNN изјави дека бил подготвен на сé за да добие пристап до електронската пошта на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Image

Одговарајќи на прашањето дали смета дека поранешната државна секретарка и најверојатен претседателски кандидат на Демократската партија на изборите на 8-ми ноември, Хилари Клинтон, направила сериозен безбедносен пропуст кога се одлучила да ја користи за службена преписка личната електронска адреса, Мајкл Хајден посочи дека „Доколку сé уште работев во NSA и ми кажеа дека на Сергеј Лавров, или на некој сличен, не му е заштитена приватната електронска пошта, ќе превртев планини“.

„Сметам дека дипломатската служба може да се осознае, запознавајќи се дури и со информации кои не би биле класифицирани. Притоа, не зборувам дека ние преземавме или не преземавме каква и да е активност во однос на министерот за внатрешни работи на Русија. Само велам дека како државен секретар, Хилари Клинтон била логична цел за странското разузнавање“, реле Хајден.

Поранешниот шеф на CIA и NSA, изрази уверување дека дури и доколку податоците што ги чувала Клинтон на својата електронска пошта не биле особено доверливи, „тие претставуваат голем интерес на разузнавањето“. „Би ја загубил почитта кон редица разузнавачки служби од светот, доколку тие не би ги вложиле сите напори да се запознаат со нив“, рече Хајден.

Хилари Клинтон е критикувана за користење на приватната електронска пошта во периодот кога беше американскиот државен секретар од 2009 до 201 година. Опасноста експертите ја гледаат во тоа што користејќи го приватниот сервер во нејзиниот дом нејзината службена преписка станал достапна за хакери. Покрај тоа, политичката одговорност се гледа во тоа што Клинтон имала целосна контрола врз кореспонденцијата и можела да избрише некои несакани пораки.

Во полемиката којашто ја загрозува Клинтон, Стејт департментот на својата интернет страница ланскиот септември објави бројни електронски пораки (4.368 мејлови, или околу 7.000 страници) кои ги испраќала, примала или ги проследувала од приватната електронска адреса и приватниот сервер додека ја водеше американската дипломатија.

Стејт депарментот по налог на американското правосудство од пролетта 2015 година, ги проверува, сортира и објавува во фази, секој месец, стотици и илјадници од повеќето од 30.000 службени електронски пораки на поранешната шефица на американската дипломатија.

Министерството призна дека шеесетина пораки морале дополнително да бидат вброени меѓу „доверливите“, што е најниското ниво според строгите стандарди и прописи кои важат за внатрешната и надворешната комуникација и размена на информации на американската администрација. Од околу 7.000 страници објавени пред половина година има речиси 250 страници, или стотина дополнителни пораки, кои се дополнително „подигнати на повисоко ниво на доверливост“.

За оваа дополнителна проверка на електронската пошта на Хилари Клинтон задолжен е главниот разузнавачки инспектор. Стејт департментот претходно извести дека засега е обработен поголемиот дел од официјалната преписка на поранешната државна секретарка која ќе биде објавена. Американското правосудство одреди дека целата преписка да мора да биде објавена до јануари 2016 година, нецела година пред одржувањето на американските претседателски избори.

Клинтон во нејзиниот мандат на државна секретарка, примила и проследила 62.320 електронски пораки од својата приватна електронска адреса (clintonemail.com), а не од владината (state.gov), како што наложуваат прописите, и како што тоа го правеле нејзините советници.