ЕУРО 2016: Исландската бајка трае

Исланд направи сензација на Европското првенство, ја   совлада Англија со 2-1 и избори пласман во четвртфиналето, каде ќе игра против Франција.

Image

Исланд ,во понеделникот, на стадионот во Ница, уште еднаш покажа дека не случајно во кавлификациите заврши пред Чешка, Турција и Холандија и дека недостигот на индивидуален квалитет против против реномирани противници, може да го надомести со тактичка дисциплина и фанатична борбеност.

Тимскиот дух на Исланѓаните на „своја кожа“ го почувствуваа фаворизираните Англичани, чии редови настапуваат неколку ѕвезди на светскиот фудбал, а еден Рахим Стерлинг на фудбалскиот пазар вреди два и пол пати повеќе од целата исландска селекција.

Во Ница искусниот Ларс Лагербек, на својот врсник  Рој Хоџсон му одржа тактичка лекција и само го потврди она што гоконстатира пред мечот, дека никогаш не загубил од Англија.

Не само тактичката поставеност на Исланд, туку и самиот Хоџсон придонесе за дебаклот на англиската репрезентација, која со играта не инпресионираше ниту во групната фаза.

Хоџсон слепо им веруваше на Стерлинг и Кејн, кои одиграа катастрофално на овој шампионат, доверба имаше и во  Вилшир, кој сезонава одигра нецели 200 минути во Премиерлигата.

Неразбирливо е англискиот селектор да не му верува на играчот на сезоната во Премиерлигата, Варди, на тинејџерот Рашфорд, а дабиде убеден дека Руни може да му ја организира играта.

А почетокот на натпреварот не навестуваше англиски дебакл, Холдорсон во четвртата минута непотребно го сруши Стерлинг, Скомина покажа пенал за Англија, а Руни беше сигурен реализитор.

Но во следниот напад Исланѓаните ја изиграа англиската одбрана топката од аут фрлена пред голот на Харт ја пречека Рајнар Сигурдсон кој израмни на 1-1.

Исланд направипресврт во 19.минута, англичаните им дозволија на противниците дакомбинираат на 16 метри од нивниот гол, топката стигна до Сигторсон, кој со помош на Харт ја смести во англиската мрежа.

До крајот на мечот Исланд најчесто се бранеше, но и имаше две големишансидагореши победникот, преку Сигурдсон чии „ножички“завршија во Харт и преку Гунарсон.