Жестоки судири на навивачите на Австрија и Рома во Виена

Рома синоќа славеше со 2-4 во Лигата на Европа против Австрија во Виена.

navivaci-615x400

Триумфот на Рома го одбележаа двата погодоци на Един Џеко, но и нередите пред стадионот во кои учествуваа домашните и гостинските навивачи.

Австријците не важат за проблематични навивачи, но налетувајќи на нималку пристојните навивачи на „волчицата“ едноставно не можеа да бидат избегнати судирите. Според последните информации од Австрија има десеттина повредени навивачи од двете страни, и приведени 12 навивачи на Рома… Направена е и помала материјална штета на неколку угостителски објекти во центарот на Виена…

ekipa.mk