Земјотрес од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија

Тирана, 4 ноември, 2016 – 10:25 (META) 
2963393184_ae06e6ac4d_z

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утринава е регистриран во Албанија, соопшти денеска републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Земјотресот е регистриран нешто по пет часот.

Порталите за следење земјотреси наведуваат дека погоден е северниот дел на Албанија, односно градот Решен, во округот Љеш.