Ибрахимовиќ: Ги одбив Арсенал и Сити, но Мурињо не се одбива

Златан Ибрахимовиќ изјави дека пред да дојде на „Олд Трафорд“ имал понуди од Арсенал и од Манчестер сити, но поради Жозе Мурињо, тој го одбрал Манчестер јунајтед.

murinjo-i-ibrahimovic-615x400

Шведскиот репрезентативец кој во својата кариера има играно за Милан, Барселона, Интер, Јувентус, Ајакс и во последните четири години за ПСЖ, поради португалскиот тренер реши да го напушти Париз и да се пресели на Островот.

„Два пати бев на чекор од премин во Премиер – лигата, во Арсенал и во Манчестер Сити. Сепак, тоа не се случи се до повикот од Манчестер јунајтед и од Жозе Мурињо. Тој е голем стручњак, со огромно знаење , од него многу научив. Кој не би сакал да работи со Жозе?“ – изјави Ибрахимовиќ за Скај Спорт.

Ибрахимовиќ имаше добар старт во новата средина и досега  постигна четири гола за „црвените ѓаволи“.

ekipa.mk