Играчи на Феникс се степале за време на тајм аут – видео

Маркиф Морис го нападна соиграчот Арчи Гудвин, на натпреварот со Голден Стејт, а поголем инцидент спречија нивните соиграчи од Феникс Санс.

Image

За време на еден тајм аут, Морис започнал да се расправа со Гудвин го фатил за вратот, а поголем инцидент спречиле останатите играчи кој навреме ги раздвоиле Морис и Гудвин.

Проблематичниот Морис, кој од клубот уште пред еден месец побара да биде трејдуван, наводно се обидувал да му објасни на Гудвин каде погрешил во акцијата која му претходела на тај аутот, а откако увидел дека Гудвин не го слуша, го фатил за вратот.

„Не е ништо страшно. Тоа е дел од улогата кој го имате кога сте лидер во тимот, кога сте како постар брат. Понекогаш браќата се тепаат, тоа сега се случи. Погрешно место и погрешно време. Тој за мене е како помлад брат. Со него сум три години во тимот о добро го познавам, го знам и неговото семејство. Ви велам ова ќе остане меѓу нас. Така функционира семејството. „Те сакам“. Тоа му го кажав“, рекол Маркиф Морис.

Инаку, Феникс го загуби дуелот со актуелниот првак Голден Стејт (104:112) и го забележа деветтиот пораз во низа. Феникс по 54 одиграни натпревари има скор од 14 победи и 40 порази и се наоѓа на претпоследното место во Западната конференција.