Извештајот на СЈО пред Советот на обвинители и во Собрание, Јанева нема да го презентира

Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство за првите шест месеци треба да се разгледува на седницата на Советот на јавни обвинители што е закажана за во 11 часот и на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците којашто е закажана за во 13 часот.

Image

И двете седници првично беа одложени за во среда бидејќи, како што изјавија од двете тела, немало претставници од СЈО и побараа Специјалната обвинителка, Катица Јанева да ги презентира извештајот и пред Советот и пред собраниската комисија.

Јанева пак во вторникот изјави дека нема намера да го презентира извештајот бидејќи нема законска обврска за тоа и најави дека сите забелешки за извештајот ќе ги вклучат во идниот извештај.