Изработена икона за слепи лица во Русија

Иако изработена во техника на висок релјеф со цел да им овозможи на слепите лица да го „видат“ ликот на покрстителот на Русија Св. кнез Владимир беше осветена во храмот на Св. Архангел Михаил во рускиот град Новочеркаск.

Image

 

Ликот беше изработен од уметници на московската работилница „Зон“ и донесен во Новочеркаск од страна на претставникот на работилницата Константин Елисеев. Иконите изработени со техника на висок релјеф, се неопходни за луѓето со нарушен вид за тие да можат потполно да го осознаат ликот.

 

Осветувањето на иконата на Св. кнез Владимир, чијшто илјадалетен јубилеј се одбележа оваа година, го изврши парохискиот свештеник на Новочеркаскиот округ протојереј Олег Добрински.

 

На богослужбата во тој ден присуствуваа школата – интернат за слепи и лица со оштетен вид, како и претставници на регионалниот оддел на серуското здружение на слепите.