Израел: По една седмица убиен напаѓачот од Тел Авив

Израелските командоси во петокот го застрелале израелскиот Арапин кој е идентификуван како напаѓачот кој пред една седмица во Тал Авив уби тројца Израелци, потврдија властите.

Image

Нашат Мелхем од градот Ар’ара, во северен Израел, е идентификуван како човекот кој минатиот петок уби двајца Израелци во бар во познатата улица „Дизенгоф“ во Тел Авив, по што повикал такси и потоа го застрелал и таксистот. Осомничениот се криел во џамија во арапски град во северен Израел, најверојатно во Ар’ара или во соседниот Ум ел-Фехм, а е убиен во престрелка со командосите, пренесуваат израелските медиуми.

Министерот за внатрешна безбедност Гилад Ердан кусо коментирал дека напаѓачот е „неутрализиран“. Им се заблагодарли на израелските безбедносни сили и на сите кои „учествувале во опсежната истрага по подлиот терорист кој мината седмица ги изведе нападите во Дизенгоф“. Додал дека е среќен што големата потера, во чијшто тек „ништо не останало непроверено“, дала резултат.