Инфантино: ФИФА размислува за мундијал со 48 репрезентации

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, има идеја за уште поголем број на учесници на Светските првенства во фудбал. Во текот на изборната кампања тој истакна дека ќе се залага за зголемување на 40 земји учеснички на мундијалите, но сега вели дека би ја зголемил дури и на 48 селекции.

infantino

Според новата замисла на првиот човек на ФИФА, 16 репрезентации би се пласирале директно во групната фаза од Светското првенство, а останатите 32 би играле „нокаут“ мечеви на стартот во земјата домаќин на мундијалот.

„Сакаме да го најдеме најдоброто решение, а за идеите ќе дискутираме овој месец. Одлуката ќе ја донесеме во јануари 2017 година. Една од идеите е 16 репрезентации директно да се пласираат во групната фаза од натпреварувањето, а останатите 32 селекции да играат во прелиминирна фаза, но во земјата домаќин на Светското првенство. Победниците од овие „нокаут“ мечеви би го продолжиле настапот на мундијалот. Сакаме фудбалот да го развиеме на сите страни од светот, а ова е обид да им се помогне и на послабите фудвалски нации да го почувствуваат задоволството за настап на Светско првенство“, открива Џани Инфантино.

ekipa.mk