ИС решена да нападне цели во САД

Лидерите на Исламската држава речени се да изведат напади на цели во САД во текот на годината, соопштија американски разузнувачи.

Image

 

Директорот на американската Национална разузнувачка агенција, Џејмс Клапер изјави дека ИС е во состојба да „насочи и организира напади на голем број цели ширум светот“, пренесе АП.

 

Директорот на американската Разузнувачка одбранбена агенција (ДИА) генерал-потполковник Винсент Стјуарт рече дека ИС веројатно ќе изведе дополнителни напади во Европа, а потоа ќе се обиде истото да го направи на територијата во САД.

 

Тој додаде дека американските разузнувачки агенции веруваат дека лидерите на ИС се повеќе и самите ќе бидат вклучени  во изведување на напади, наместо само да поттикнуваат други поединци да изведат напади.

 

Клапер и Стјуарт говореа за безбеднсните закани пред комитетот на американскиот Конгрес.