Канада изгласа полово неутрална химна

Канадските пратеници гласаа во средата за измени во текстот на националната химна за стиховите да бидат полово неутрални, во согласност со политиката на новата либерална влада којашто сака да биде „инклузивна кон жените“.

Image

Со законот ќе се измени англискиот текст од верзија на химната „О, Канада“, така што стихот „О, Канада, ти си толку голема земја што сите твои синови вистински те сакаат“ ќе гласи „… што сите вистински те сакаме“.

Измените, коишто ги предложи пратеникот на Либералната партија, иако минаа во долниот дом од парламентот, во кој либералите имаат мнозинство, треба сега да бидат потврдени до сенатот.

Премиерот Џастин Трудо истакна дека родовата еднаквост е еден од приоритети на неговата политика, откако беше избран во октомври минатата година и именуваше подеднаков број мажи и жени во својот кабинет. А тоа е прв пример на еднаква застапеност на жени и мажи во канадската влада.