Кери: Кампањите на претседателските кандидати се срам за САД

Американскиот државен секретар Џон Кери изјавил дека хаосот околу кампањите за претседателските номинации претставува „срам за САД“, пренесува британски The Guardian.

Image

Кери изјавил дека светските претставници се шокирани, додека републиканските кандидати Доналд Трамп и Тед Круз ги бранат своите планови за борбата против тероризмот и се фокусираат на муслиманите.

Гостувајќи на американската телевизија CBS, државниот секретар на САД изјавил дека тоа што светските претставници се шокирани од американската претседателска кампања е целосно исправно.

„На некој начин, морам да кажам дека сето ова што се случува е срамота за земјата“, навел тој. Британскиот весник додава дека Кери не прецизирал јасно кој кандидат и чии коментари ја посрамотиле САД, но било јасно дека мисли на кандидати од Републикансата партија.

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп за време на својата кампања имаше доста контроверзни изјави, меѓу која беше и онаа за на муслиманите привремено да им се забрани влез во САД, но и за бомбардирањето на семејствата на оние кои се осомничени за тероризам.

Неговиот противкандидат Тед Круз пак, за Fox News изјавил дека Америка не смее да стане Европа, преку водењето на неуспешна миграциска политика. „Не смееме да ги повториме нивните грешки, не смееме да живееме по шеријатските закони и мораме да се бориме против тероризмот на сите нивоа“, рекол Круз.