Кира Најтли ќе ја глуми Колет во филм за француската писателка

Британската актерка Кира Најтли е во преговори за улогата на Колет во истоимениот биографски филм за славната француска писателка чие дејствие ќе биде сместено на самиот почеток од XX век.

Image
„Кира поседува совршени квалитети за отелотворување на Колет. Тоа ќе биде филм за животот на писателката на почетокот од 1900 година, за личноста која ги уривала предрасудите во времето кога женските писатели ни биле добро примени во општеството, а бисексуалноста се сметала за скандалозна. Ни претставува чест што нејзината животна приказна ќе ја пренесеме на големиот екран“, изјави за Variety Мајкл Литвак, кој со колегите ќе го продуцира филмот за „Bold Films“.

Снимањето треба да започне во мај во Будимпешта, а филмот ќе го режира Ваш Вестмореланд, кој заедно со Ричард Глатцер го режираше „Засекогаш Алис“.За улогата во тој филм актерката Џулиен Мур минатата година освои Оскар за најдобра женска улога.

Филмот „Colette“ повторно ќе ја собере продуцентската екипа која соработуваше на филмовите „Керол“, „Засекогаш Алис“ и „Женските права ги сакам“, односно Пем Кофлер, Кристин Вашон, Елизабет Карлсен и Стивен Вули.

Француската писателка Сидони Клодин Габриел Колет првите свои дела ги напишала во соработка со својот прв сопруг, познатиот писател и новинар Вилим Готје-Вилар. Во тој период настанува серијалот книги за созревањето на младата девојка „Клодин“, кои не се одликуваат со интелектуалност, и се омилени кај пошироката читателска публика, но обилуваат со пикантни сексуални описи.

По разводот од првиот сопруг, накусо ја прекинала книжевната работа и се посветила на естрадниот живот, станува успешна и атрактивна пејачка и актерка, но по извесно време се враќа на пишувањето. Едно од нејзините најпреведувани дела е романот „Шери“ (Cheri), анализа на психологијата на жена кој се соочува со стареењето, преживувајќи го тој период храбро и исполнето, а има многу автобиографски елементи.

Колет се мажела уште двапати, авторка е на многу дела, кои во 1920-те се поставувани и на њујоршки Бродвеј, станува почесен член на многу академии низ светот, иако никогаш не е примена во Француската академија на уметностите. Во 1953 година станува втората жена во историјата која е одликувана со престижниот орден на француската Легија на честа и права жена претседател на академијата Гонкур. Починала на 3-ти август 1954 година, на 81 година.

Најпозната е сепак по романите на полусветот, односно животот на париските куртизани. Нејзиното најпознато дело е кусиот роман „Gigi“ од 1944 година, кој е доживува повеќе адаптации од кои најпознат е мјузиклот кој во 1958 година е награден со Оскар.