Клинтон ја доби номинацијата за претседателски кандидат на демократите

Вашингтон, 27 јули, 2016 – 10:16 (META) 
klinton

Демократската партија на САД официјално ја номинираше Хилари Клинтон за свој кандидат на претседателските избори, закажани за ноември годинава. Првпат во историјата на САД, фаворит во трката за Белата куќа е жена.

Поранешната државна секретарка утре треба официјално да даде согласност дека ќе биде кандидат на демократите на претстојните избори.

Клинтон на партискиот конгрес во Филадејфија доби поддршка од мнозинството од делегатите и го мина прагот од 2.382 гласови, кои беа потребни за нејзино номинирање.

Поранешната прва дама како противкандидат за Белата куќа ќе го има републиканскиот кандидат, милијардерот Доналд Трамп.